Речен делфин во Бразил, последен пат виден во 1918 година

Научниците во Бразил открија речен делфин, а последен пат  животни од овој вид биле забележани на крајот на Првата Светска Војна.

Именуван по реката Арагуја каде што е најден, овој делфин е еден од ретките од  неговиот род во светот. Научниците објаснуваат дека овој вид на речен делфин се одделил од останатите видови  во реките низ Јужна Америка пред повеќе од  два милениуми.  Тие претпоставуваат дека во реката Арагуја живеат околу илјада делфини.

Речните делфини се едни од најретките суштества во светот.

Научниците велат дека има само четири познати видови на речни делфини во светот, а три од нив спаѓаат во групата на загрозени.

Речните делфини имаат далечни роднински врски во морските, најчесто се на дното на реките, каде сокриени во калта ловат риби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.