Речиси 150.000 хектари шума проголтаа пожарите во Боливија

Речиси 150.000 хектари шума беа уништени во пожарите оваа година во Боливија, особено во областа близу границата со Бразил, соопштија тамошните власти.

Изгореа точно 147.254 хектари, наведоа властите и додадаваат дека на некои места пламенот бил висок над пет метри со чад над 30 метри.

Пријавени се повеќе од 800 пожари од почетокот на август, и околу 15.500 од почетокот на годината. (МИА)