Речиси 160 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, а 16 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се и 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 26 за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за користење на мобилен телефон…