Речиси 2 трилиони долари потрошени за оружје во 2020 година во светот

Седма година по ред има раст на глобалните трошоци за одбрана, па така лани тие достигнаа рекордни 1,93 трилиона долари, покажуваат податоците на информативно-аналитичкиот центар „Џејн“.

Ова сума е за 1,9 отсто поголема отколку во 2019 година.

Најголем раст, од 5,6 отсто, на потрошени средства за оружје е регистриран во Европа.

Аналитичарите предвидуваат дека годинава ќе има забавување во глобалното трошење за одбраната, а причината се последиците од пандемијата на коронавирусот.

-Најсериозно влијание пандемијата врз финансирањето ќе има во 2022 година, кога владите ќе почнат да ги намалуваат трошоците, изјави аналитичарот на „Џејн“, Ендру Мекдоналд.

Според него, до 2030 година трошоците за одбрана ќе се зголемат на 2,23 трилиона долари.