Речиси 200 ученици грабнати во Нигерија

Вооружена група гранбала околу 200 ученици во нигериската сојузна држава Нигер, а притоа убиен е еден човек, пренесува локалниот весник Punch повикувајќи се на властите и локалното население.

Според сознанијата на весникот, милитанти го нападнале во неделата околи 16,30 часот интернатот на исламското училиште во градот Тегина во областа Рафи. Во нападот две лица биле застрелани, од кои едното подоцна починало од раните, а второто е во критична состојба, според властите на Нигер.

Секретарот на државната влада на Нигер, Ахмед Матане, изјавил дека бројот на грабнатите ученици допрва ќе се утврдува.

„Имаше напад во исламското училиштет Салиху Танко, но сѐ уште го немаме точниот број ученици кои се киднапирани. Во контакт сме со родители од околината и ги информираме оние чии деца се грабнати“, рекол Матане додавајќи дека се пронајдени најмалите ученици кои веријатно грабнувачите ги оставиле.

Сопственичката на училиштето, Абубакар Тефина, изјавила за Reuters дека биле очевидец на нападот. Рекла дека виела 20 до 25 вооружени грабнувачи на мотоцикли, а таа претпоставува дека грабнале повеќе од 150 ученици и ученички. Според неа, грабнувачите ослонодител 11 ученици бидејќи биле премали и не можеле да одат брзо. Била грабната и група патници од автобус кој се нашол на местото во текот на нападот.

Ова не е единственото грабнување ученици во Нигерија, кои ги изведуваат исламистичките милитанти или разбојнички групи, но речиси секогаш напаѓачите бараат откуп. Последниот случај беше кога во април беа грабнати 14 студенти од локалниот универзитетот во сојузната држава Кадуна, кои беа ослободени претходно седмицава. Многу училишта поради честите инциденти се затворени.