Речиси 29.000 коронаинфекции во еден ден во Грција

Националната организација за јавно здравје на Грција потври во втоникот 28.933 нови случаи на Covid-19, што доколку се направи анализа на секојдневните податоци, е највисок број на новозаразени на дневно ниво во изминатите речиси 80 дена.

За разлика од вчерашните 27.490 случаи од 113.940 направени тестови, денеска има речиси четири пати повеќе тестирања, односно новозаразените се потврдени од 434.502 спрведени тестови.

Во изминатите 24 часа починале 49 лица, а 351 пациент (девет повеќе од понеделникот) е приклучен на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 2.986.880 случаи на Covid-119 и вкупно 27.392 смртни исходи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.