Речиси 40 отсто од случаите на деменција може да се избегнат или забават

Речиси 40 отсто од случаи на деменција би можело да бидат избегнати или забавени со намалувањето на ризичните фактор, како што е претераното консумирање алкохол, пушењето, повредите на главата и загадувањето на воздухот, се наведува во студијата објавена во четвртокот во медицинското научно списание The Lancet.

Од оваа причина, авторите на студијата даваат низа препораки за лицата кои носат политички одлуки за тоа дека треба да се ограничува консумирњето алкохол, да се работи на отфрлање на пушењето, да се спроведуваат акции против гојазноста и дијабетесот и во насока на намалувањето на загаденоста на воздухот.

„Нашиот извештај говори дека оние коишто ги носат одлуките и поединци имаат моќ да спречат или одложат голем дел од случаите на деменција. Таквите акции би можело да имаат голем ефект врз населението кое е несразмерно изложено на ризичните фактори, како што се луѓето со ниските и средни примања, ранливите групи од населението, на пример етничките малцинства“, вело авторката на студијата проф. Џил Ливингстон од лондонски Јуниверзити Колеџ.

Според Светската здравствена организација (СЗО – WHO) многу веројатно е дека 50 милиони луѓе во светот заболуваат од деменција, од што 60 до 70 отсто од Алцхајмеровата болест. Таа бројка покажува тренд на раст, бидејќи светското население живее подолго. СЗО проценува дека вкупниот број луѓе погодени со деменција ќе се зголеми на 82 милиони до 2030 година, односно на 152 милиони до 2050 година, главно поради растот на деменција во земјите со ниски и средни приходи.

Предизвикана од „групата болести и трауми“ кои го погаѓаат мозокот, деменцијата „ја зафаќа меморијата, расудувањето, ориентацијата, разбирањето, сметањето, способноста за учење, говорот и заклучоците“, наведува СЗО на својата интернет страница.

Во претходниот извештај за деменцијата од 2017 година, кој исто така го објави The Lancet, истите автори како и на сегашната студија идентификувале четири фактори на ризикот.

Списокот сега го актуелизираат внесувајќи три нови фактора: претераното консумирање алкохол, повреди на главата и изложеност на загадениот воздух во повозрасната дона, а овие влијаат со ред на еден, односнот три и два отсто. Другите фактори се: образованието (7 отсто), губењето на слухот (8 отсто), зголемениот крвен притисок (2 отсто), дебелината (1 отсто), пушењето (5 отсто), депресијата (4 осто), социјалната изолација (4 отсто), физичката неактивност (2 отсто) и дијабетесот (1 отсто).

Други научници кои не учествувале во споменатата стидија, меѓутоа, истакнуваат дека доколку овие фатори на ризикот се поврзани со деменцијата не смеат да се заборават ниту факторите коишто ја предизвикуваат.

„Тоа нѐ доведува до прашањето ‘што било прво, кокошката или јајцето’. Не пример, депресијата на возраст од 65 години е поврзана со ризикот од деменција, но таквиот тип податоци не ни овозможува да заклучиме дали тоа бил првиот фактор кој го предизвикал вториот, бидејќи е докажано и дека промените во мозокот на пораните нивоа на деменцијата, исто така, може да предизвикаат депресија“, вели проф. Тара Спирс-Џонс, експерт за мозокот и деменцијата при шкотскиот Универзитет Единбург.

„Извештајот проценува дека 40 отсто од деменциите може да се избегнат со промена на начинот на живење, а тоа значи дека 60 отсто, колку што засега знаеме, се предизвикани од фактори кои не е можно да се контролираат, како што се генетските фактори. Се надевам дека овој извештај нема да ги наведе луѓето да помислат дека самите се виновни за деменцијата“, заклучува Спирс-Џонс.