Речиси 400 новозаразени во БиХ

Во Босна и Херцеговина во саботата се потврдени нови 398 случаи на зараза со коронавирусот, известија ентитетските заводи за јавно здравство.

Во Федерацијата БиХ тестирани се 1.645 примероци, а заразата со коронавирусот е потврдена во 326 случаи. Поединечно повторно најголем број коронаинфекции има во Сараево – 68, каде што во последните 24 часа во болниците починале уште 4 лица. Според процените, во Сараевската жупанија во моментов има активни најмалку 1.300 случаи на заразата.

Во лабораториите во Република Спрска од петокот се тестирани 596 примероци од кои 72 биле позитивни на короанвирусот. Во овој ентитет најголемото жариште е Бања Лука, каде во последните 24 часа се откриени 16 случаи.

Од почетокот на епидемијата во март во БиХ досега се регистрирани малку помалку од 14.000 случаи на заразата и починале најмалку 398 лица.

Во БиХ на сила се мерките со кои собирите на затворени простори се ограничуваат на 50 лица, а инспекциите и полицијата засилено вршат контроли над работата на угостителскиет објекти и проверуваат дали гостите и персоналот ги почитуваат одредбите за физичко растојание и хигинеските мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.