Речиси 86 отсто од сите коронаинфекции во Африка не се регистрирани

Речиси 86 отсто од сите заразени со коронавирусот во Африка не се регистрираат, објави во четвртокот Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Според процените на СЗО, на африканскиот континент се заразени 59 милиони луѓе или седум пати повеќе од осум милиони регистрирани случаи на Covid-19. Високиот процент на нерегистрираните случаи се објаснува со малиот број спроведени тестирања.

„Со ограниченото тестирање не знаеме што се случува во бројните заедници во Африка… и она што го гледаме е само врвот на ледениот брег“, вели регионалната директорка на СЗО за Африка, др Матшидисо Моети.

До четвртокот на африканскиот континент се спроведени 70 милиони тестирања на коронавирусот на кој живеат 1,3 милијарди луѓе, наведуваат од СЗО.

За споредба, САД кои имаат само третина од популацијата во Африка, спроведени се повеќе од 550 милиони тестови, а Велика Британија со помалку од 10 отсто од цела Африка спровела 280 милиони тестирања на коронавирусот.

Во Африка се потврдени 8,4 милиони зарази со коронавирусот, од кои 214.000 завршиле со смртен исход.

Понмалку од половината африкански земји кои ги примиле вакцините против Covid-19 во просек целосно вакцинирале само 2 отсто од населението, покажуваат податоците на СЗО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.