Речиси двесте српски полицајци позитивни а шестмина починале од коронавирусот

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, во понеделникот потврди дека 192 припадници на полицијата се заразени од новиот тип коронавирус, од кои шест починале.

Стефановиќ рече дека граѓаните имаат доверба во полицијата во овие тешки моменти, и од граѓаните имале повеќе барања.

Полицијата помага секој да дојде до лекови, храна, и се она што им е потребно, а јас сум задоволен со блиската соработка и контакти меѓу граѓаните и полицијата- рече Стефановиќ.