Речиси двојно помалку гледачи го следеле првото обраќање на Бајден во Конгресот од она на Трамп

Обраќањето на американскиот претседатл Џо Бајден во Конгресот во средата ноќта на 16-те најголеми американски телевизиски мрежи го гледале само проценети 26,9 милиони Американци, објави во четвртокот агенцијата Nielsen.

Оваа бројка укажува на огромен под на заинтересираност и гледаноста во однос на првото обраќање во американскиот Конргес на претходникот на Бајден, републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Имено, обраќањето на Трамп пред конгресмените по неговите први сто дена на должноста во 2017 година го следеа дури над 48 милиони Американци, и тоа на помалку односно на 11 телевизиски мрежи во САД.

Во својот говор, исполнет со многу повторување и збунетост, Бајден зборуваше за американските непријатели повика на единство на земјата и најави дека „Америка е повторно спремна за полет“.

Бајден говорот го држеше пред мала посебни избрана група од 200-ина демократски и републикански пратеници во Конгресот, што беше објаснето наводно со поради пандемијата, иако новиот претседател на САД се фали со големата вакцинираност по неговото влегување во Белата куќа. По првпат во историјата две жени ги заземаа своите места зад претедаетлот во кадарот на камерите, односно потпретседателката Камала Харис и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Дел од мејнстрим медиумите наклонети на неолибералните струи во Демократската партија на Бајден, слабата гледаност на неговото обраќање се обидоа да го оправдаат и го толкуваат со „трендот на генерално значително помалата гледаност на преносите во живо во САД изминатата година“.