Како се манипулира македонската јавност со податокот дека половина милион граѓани се отселиле?

Повеќе од 450.000 граѓани на Македонија ја напуштиле земјата и емигрирале во други држави. Овој фрапантен податок го објави Светската банка, лани. Оттогаш опозициските политичари и проопозицските медиуми во Македонија постојано ја залоупотребуваат оваа информација, пласирајќи ја постојано во јавноста, но само половично, како ним им одговара, не целосно.

Всушност Светска банка објави извештај, во кој се вели дека „заклучно со 2010 година Македонија ја напуштиле 447.000 граѓани, што претставува над 20 отсто од населението, а доколку се има во предвид дека многу граѓани во странство работат на црно, се претпоставува дека безмалку една четвртина од вкупното население е надвор од земјава“.

Но, оваа бројка е за период од 20 години, поточно во извештајот на Светска банка се вели дека од осамостојувањето на Македонија, па се до 2010 година. Инаку, тоа ја рангира државава на 23-тото место во групата земји во светот со најмногу емигранти.

Но, пропозициските медиуми и опозициските политичари, речиси синхронизирано, постојано во јавноста говореа дека станува збор за огромен процент на иселени лица од Македонија, но никогаш не го кажаа периодот од 20 години, туку само повторуваа дека тоа е извештај на Светска банка, реномирана меѓународна институција.

Според Националниот младински совет, процентот на млади кои во 2012 година емигрирале од Македонија, постојано или привремено, е 16 отсто. Тоа отскокнува од светскиот процент од 10 отсто. Обединетите нации објавија податок дека во светот има над 200 милиони мигранти, а дури 60 отсто од младите живеат во земјите на развој.

Според податоците на Заводот за статистика, во последните пет години, најмногу луѓе кои се отселиле од Македонија се од Охрид – вкупно 534, а додека пак, најмалку од општина Илинден, каде според податоците, се отселило само едно лице.

Во земјите од Балканот, Македонците најчесто се селат во Србија, а странците кои се доселуваат во нашата земја, најбројни се оние од Турција.

Од 2009, па се до 2013 година, од Македонија се отселиле вкупно 5.545 лица, од кои 5.119 државјани на Република Македонија, а останатите 426 лица се странски државјани со привремен престој во Македонија, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Во изминативе пет години, најмногу отселувања имало во 2012 година, кога се отселиле вкупно 1.415 лица, од кои 1.330 државјани на Македонија и 85 странци.

Статистичките податоци велат дека најмногу отселени од Македонија во странство има од Охрид, и оваа бројка изнесува 534 лица. Потоа следуваат Тетово со 145, Јегуновце со 63, Дебарца со 54, Теарце со 47, Делчево со 39, Македонска Каменица со 15, Желино со 14, Брвеница со 12, Боговиње со 9, Скопје со 8, Куманово со 3 и општина Илинден со само едно отселено лице.

Од осумте отселени од главниот град, најмногу се од Шуто Оризари – 3, двајца од Кисела Вода, како и по едно лице од Аеродром, Гази Баба и Чаир.

Според ДЗС, во 2013 година, најмногу лица се отселиле во графата под кој се наведени други држави, а од балканските, 47 во Србија, 23 во Бугарија, 20 во Словенија, шест во Албанија, по пет во Турција и Хрватска, три лица во Косово, две во Црна Гора, како и по едно во Грција и Босна и Херцеговина.

Во графата останати земји во кои Македонците најчесто се отселуваат во Австралија, САД, Германија, како и Швајцарија.

otseluvanje vo drzavi

Во Македонија, најмногу се доселуваат Турци, потоа Албанци, Срби, Грци, Косовци…

doseleni vo rm

Стапката на отселување и доселување во и од Македонија од 2005 година до 2011 година, почнува да опаѓа. Иселувањето во 2005 година било скоро 13.000 жители, а додека пак повеќе од 12.000 биле доселени.

За жал, македонските институции не располагаат со податоци за иселувања од земјава во текот на деведесеттите години, кога всушност и најголем број на луѓе мигрирале во други држави. 

tabela

Честа појава се и внатрешните миграции од општина во општина, како и од град во село и обратно. Како причини поради кои Македонците најмногу интерно мигрираат во државата првенствено се склучувањето на бракови, а потоа се образованието, приватните причини, вработувањето…

vnatresni migracii

 

Во моментов стапката на невработеност кај младите, според Агенцијата за вработување, до 29 години изнесува 28,1 отсто или поточно 27.094 лица. Стапката на невработеност на младите во Норвешка на пример изнесува 9,3 отсто, во Австрија 11,9, во САД 18,2 отсто… Што се однесува до регионот, пак, во Словенија таа изнесува 16,8 отсто, во Хр­ват­ска 36,8, во Црна Гора 40, во Романија 23,8, Бугарија 27,6, во Албанија 28,3 отсто

Меѓународниот проект „Хелтгрупер“ минатата година објави и анкета на студентите од прва година на Медицинскиот факултет, при што резултатот бил дека половина од студентите по завршувањето на студиите би заминале да работат и живеат во странство.

Поточно, на прашањето „Дали би сакале да останат во Македонија по завршување на студиите“, речиси половина, поточно 47,7 отсто од сите студенти изјавиле дека сакаат да се отселат. На второто прашање, пак, формулирано како „Доколку може да одберете, каде би сакале да работите по завршување на студиите“, загрижувачки 60.6 отсто изјавиле дека сакаат да се отселат.

Економската криза ги пресели Шпанците од град во село

Големата економска криза која го зафати светот, влијаеше во секоја земја различно. Шпанците за време на кризата најчесто мигрираа од град во село, односно се враќаат во родните места. Населението вели дека е приморано да го преземе овој чекор бидејќи во градовите наемнините за становите, кои ги плаќаат изнесува илјадници евра, а додека пак, во селата тие се од 200 до 300 евра. За време на последната економска криза која го зафати светот, стапката на невработеност во Шпанија се искачи на над 25 отсто.

Европа донесе расистички закони против мигрантите

Економската криза доведе до зголемување на дискриминацијата, расизмот и ксенофобијата во Европа, особено во земјите-членки на ЕУ како Италија, Словачка и Унгарија, се наведува во извештајот на „Амнести Интернешенал“ за почитувањето на човековите права.

Во него се посочува Италија со тоа што донесе нов закон како дел од безбедносниот пакет, со кој „нелегалната миграција“ се смета за кривично дело, што би ги одвратило нелегалните имигранти од пристап до здравствената заштита и образовниот систем поради страв да бидат пријавени во полиција.

Британската влада е критикувана поради тоа што ги стави зад решетки Ирачаните кои не беа примени од страна на Багдад кога беа вратени во нивната земја, што е израз на „повредата на затворската култура“ кога станува збор за справување со илегалните имигранти.

Во Германија нелегалните имигранти и нивните деца имаат ограничен пристап до образование, здравствена и судска заштита во случај на непочитување на работничките права.

Словачка најмногу предничи во сегрегацијата на ромските деца, каде што Образовниот фонд на Ромите посочува дека речиси 60 проценти од нив се сместени во специјални одделенија за ментално неспособни деца, иако немаат таква лекарска дијагноза.