Речиси половина од патниците во петокот од Париз полетале без багаж

Илјадници авионски патници ја напуштиле француската престолнина Париз во петокот без багаж поради технички дефект на меѓународниот аеродром „Роаси – Шарл де Гол“, објави во саботата телевизијата BFMTV.

„Техничкиот дефект го продлабочи прекинот во работата на парискиот аеродром предизвикан од штрајкот… Оние коишто успеаја да полетаат беа непријатно изненадени кога по пристигнувањето дознаа дека нивниот багаж е загубен… Всушност, речиси половината од патниците вчера си заминаа без багажот“, се наведува во прилогот на телевизијата.

Се наведува и дека проблемот бил надминат дури во 17 часот по локално време. Според портпаролот на синдикатот на аеродромските работници, можно е дел од багажот воопшто да не им биде вратен на сопствениците.

„Околу 50 отсто од луѓето, коишто си полетаа вчера, си заминаа без сопствениот или со туѓ багаж… веројатно извесен дел д багажот засекогаш се загубени“, додал портпаролот.

Претходно во четвртокот беше објавено дека францускиот Генерален директорат за цивилно воздухопловство (DGAC) побара од воздухопловните компании да го откажат секој шести лет на доаѓање во петокот од 7 до 14 часот по локално време на парискиот аеродром „Роаси – Шарл де Гол“ поради штрајкот на пожарникарите.

Во петокот BFMTV, повикувајќи се на објавата на DGAC, дека во саботата во истиот период од 7 до 14 часот по париско време е откажан секој петти лет.