Речиси седум милиони Канаѓани примаат помош од Владата

Околу 6,8 милиони Канаѓани кои останале без работа поради епидемијата на коронавирусот моментално примаат 2.000 канадски долари или околу 1.300 евра месечно поддршка од сојузната Влада.

Оваа бројка покажува дека третина од работоспособното население на Канада, кое работело пред почетокот на кризата со Ковид-19, денес зависи од поддршката на државата.

Според официјалната статистика од февруари, во Канада имало 20,3 милиони работно активно население.

Програма за поддршка е без преседан најголема во историјата на оваа земја.