Речиси 40 кгр кокаин откриени во авионот со кој бразилскиот претседател летал на самитот на Г20

Припадник на бразилската војска од придружбата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е уапсен на аеродромот во Севилја, во шпанската покраина Андалузија, поради обид за пренесување кокаин во својот багаж, објави весникот Diario de Sevilla.

Според информациите до кои дошол весникот кој извести првично во средата, во багажот на 38-годишниот наредник на бразилските воздухопловни сили Маноел Силва Родригез, се откриени 39 килограми кокаин, проценети на 1,3 милиони евра. Авионот слетал во Шпанија на прелет до Јапонија, а бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, не бил во авионот.

Шпанските власти во четвртокот за повеќе медиуми потврдиле дека било уапсено „воено лице коешто патувало со воен авион, кој летал од Бразил за Токио“. „Во рачниот багаж на еден од војниците се најдени 39 килограми кокаин“, истакнале од шпанската Граѓанска гарда. Притоа не се потврдени наводите дека војникот бил дел од придружбата на бразилскиот претседател.

Подоцна самиот Болсонаро на Twitter го потврди притворањето во Шпанија на еден од припадник на војската кој ја придружувал неговата делегација.

„Му наредив на Министерството за одбрана веднаш да започен да соработува со шпанската полиција со цел целосно да се разјаснат околностите на инцидентот, како и да започнат (сопствена) истрага на воената полиција“, напиша Болсонаро.

„Доколку биде докажана вмешаност на военото лице во овој престап, тој ќе биде изведен пред судот и ќе одговара според законот“, ветува бразилскиот претседател.

Бразилскиот потпретседател, пензионираниот генерал Антониу Хамилтон Моурау, изјави дека проблемот со консумирање и дистрибуција на наркотици од претходно постои во бразилската армија. Според него, ова не е прв ваков случај.

„Вооружените сили не се имуни на нарко-чумата… Сега најважно е да се утврди можниот синџир (во кој бил вмешан војникот)“, рекол Моурау за радиото Gauchazh, коментирајќи го случајот на притворањето во Шпанија на член од екипажот на авионот на бразилските воздухопловни сили во чиј багаж се откриени 39 килограми кокаин.

Тој се сомнева дека идејата за криумчарење на дрогата со претседателскиот авион потекнувала од приведениот. „Имајќи го предвид количеството на откриената дрога, .. тој најверојатно ја имал улогата на ткн муле (мазга – лица кои картелите ги користат за пренесување на дрогите преку границите), смета бразилскиот потпретседател.

Според порталот UOL, во 1999 година бразилската федерална полиција открила мрежа за илегални испораки на наркотици во странство со користење на воената авијација. Тогаш на обвинителната клупа седнаа тројца офицери на воздухопловните сили.

Политичарот прецизира дека офицерот на бил во составот на делегацијата која го придружува бразилскиот претседател на самитот на Г20 од Осака, туку само бил вклучен во техничкото опслужување на претседателскиот авион поради проблеми во текот летот кон Јапонија, и неговото враќање. Поради овој инцент, маршрутата на Болсонаро била променета, па авионот со кој потоа патувал претседателот слетал во Португалија.