Речиси 40 убиени во напад на милитанти во Камерун

Најмалку 37 луѓе се убиени во напад на милитнатите на џихадистичката група Боко Харам во градот Дарак на северот од Камерун во понеделникот, преенсува во средата порталот Actu Cameroun повикувајќи се на локалните медиуми.

Според дневниот весник Mutations, 27 од убиените се војници а десет се цивили. Спред податоците на другите медиуми, милитантите нападнале позиција на мултинационалниата заедничка оперативно-тактичка гурпа, која е специјализирана за борба против тероризмот.

Боко Харам е радикална исламистичката групација која што главно дејствува во Нигерија каде што се бори за воспоставување држава во којашто ќе се спроведуваат строгите шеријатски закони. Нејзините приврзаници особено се противат на западниот модел на образование, што всушносте е името на групацијата – „Западното учење е забрането“ на локалниот хауса јазик.

Групата стои зад повеќето терористички напади во градовите и масакри во руралните области на Нигерија, но во последните неколку години и во соседните земји во областа на Чадското езеро, што предизвика и заедничка воена кампања против неа и во Нигер, Камерун и Чад.