Ред Бул го промовираше својот прв болид со мотор на Хонда

Тимот на Ред Бул го претстави својот прв тркачки автомобил во Формула 1, со погонска единица на Хонда.

Дизајнот на автомобилот е значително променет во споредба со минатогодишниот, но по според традицијата, тоа нема да биде финалниот дизајн за сезоната 2019. Вистинската боја на „РБ15“ ќе биде откриена најверојатно во понеделник на патеката во Барселона, кога започнува првиот предсезонски тест во Формула 1 за 2019 година.

Четирикратниот шампион кај конструкторите го завршија долгогодишното партнерство со Рено со цел да бидат способни да се борат повторно за светска титула и да ги поразат Мерцедес и Ферари. Тимот направи храбри одлуки да започне со работа со Хонда, во кои гледа напредок, иако Јапонците завршија на последно место во 2018 година кај снабдувачите на мотори.

Иако стави крај на односите со Рено, Ред Бул задржа еден од нивните спонзори – производителот на часовници „Tаг Хојер“, чие лого веќе стои исклучиво пред кокпитот, наместо на носот и до моторот. Логото на „Астон Мартин“, исто така, продолжува да биде на страната на автомобилот и задните крила.

Ред Бул излезе на британската патека „Силверстоун“ со новиот автомобил откако возачите на Мерцедес ја завршија својата работа на патеката. Датумите за премиерите на новите автомобили на двата тима се совпаднаа, а Мерцедес и Ред Бул изјавија желба да направат т.н. „шејкдаун“ со машините на истата патека – „Силверстоун“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.