Редици за тестирање на коронавирусот во Белград, чекаат од 4,30 утрото

Огромна редица од граѓани се формираа од понеделникот рано утрото пред Институтот за вакцини и серуми „Торлак“ во Белград, а веќе околу 4,30 часот утрото најупорните за ПЦР тест на Covid-19 заземале места за да бидат меѓу првите кога лабораторијата отворила во 8 часот.

Белградските медиуми јавуваат дека во редиците има граѓани од сите делови на Србија, но и такви кои пистигнале и од Македонија и од Република Српска. Причините за тоа, се што во Институтот „Торлак“ не се закажуваат тестирањата, а резултатите се добиваат истиот ден.

Меѓу првите, уште во 4,30 часот утрото во редот застанал белграѓанецот Слободан Бугарски кој вечерта патува за Москва. Рекол дека знаел дека ќе има гужва, но за оваа установа се одлучил токму зашто нема закажување и ќе ги добие резултатите уште денеска.

Од Градскиот институт за јавно здравје пред два дена најавија дека до 20 август повеќе немаат слободни термини за ПЦР тестирања на лично барање, а закажувањето ќе започне повторно на 18 август.

Тестирањето за српските граѓани чини 6.000 динари (52 евра), а за странците 120 евра.

Во Србија како резултат на последиците од Ковид-19 официјално починале 641 лице. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 28.099 случаи на заболени. На респираторите се наоѓаат 106 пациенти.