Редок портрет на султанијата Хурем продаден за 173.000 долари

Во рамките на наддавањето кое го организираше британската аукциска куќа Sotheby’ одржана во Лондон под насловот „Уметноста на исламскиот свет и Индија“, се најде и маслото на платно коешто ја прикажува историски маркантната султанија Хурем, сопругата на османскиот султан Сулејман, а е продаден за 173.00о долари.

Реткиот портрет на султанијата Хурем потекнува од крајот на XVI и XVII век и се припишува на следбеник на венецискиот романенсен сликар Тицијан, а пред аукцијата стручњаците проценуваа дека може дда достигне цена меѓу 137.000 и 343.000 долари.

Султанот Сулејман Први, кој на власт се задржал цели 46 години, бил еден од најголемите султани кои некогаш владееле со Османското царство. На истокот е познат како „Величествениот“ и како „Закодонавецот“ поради праведната управа над големото царство кое се протегало од речиси централна Европа до Персискиот залив.

Хурем, која западниот свет ја памети како Рокселана, била по потекло од краиштата во денешна западна Украина, а откако влегла во харемот на султанот Сулејман брзо станала негова миленичка.

Султанот Сулејман прво го прекршил правилот дозволувајќи ѝ да му роди четири сина, а потоа повторно го прекршил земајќи ја за жена.

Султанијата Хурем била многу влијателна, не само како сопруга на Сулејман, туку и му помагала и во управувањето со царството. Според историографите, додека Сулејман отсуствувал од престолнината поради освојувачките походи, таа со писма ги известувала за случувањата во царството.

Но, исто така, останала запаметена во издвојувањето на големи средства за архитектурата и во добротворни фондации, вклучително и некои во Ерусалим.

На истата аукција, меѓу другите експонати биле понудени и метални ракотворенија од XIII век, два чифта дијамантни и смарагдни очила од периодот на владеењето на династијата Могул, во XVI и XVII век, позлатен Куран, неколку астрономски инструменти, ирански минијатури, персискиот тепих „Полонез“ и плочки изник, познати по мотивите на тирскизна и црвена боја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.