Редок пример на античка операција на череп откриен во Армагедон

Во Израел, на археолошкиот локалитет на ридот Мегидо, попознат по старогрчкото име Армагедон, истражувачите откриле редок пример на античка операција на човечки череп, можеби една од најраните на Блискиот исток, според судијата објавена во научното списание PLOS ONE.

Според археолозите, илјадници години луѓето практикуваат кранијална трефинација, медицинска процедура која вклучува правење дупка во черепот. Откриени се докази дека античките цивилизации ширум светот, од Јужна Америка до Африка и пошироко, ја извршиле операцијата.

Во 2016 година во дворецот Мегидо, древниот утврден град од доцната бронзена ера го носи истото име како и ридот, биле ископани неколку гробници во кои биле пронајдени посмртните останки на двајца браќа. Но дури неодамна се презентирани резултатите од анализата на останките на браќата кои живееле пред 3.500 години, меѓу 1550 и 1450 година пред Христа.

Сега израелско-американски тим истражувачи тим ја објавила анализата на нивните скелети, откривајќи ја трагичната приказна за двајцата браќа чиешто богатство не било доволно за да ги спаси од рана смрт.

Возраста на постариот брат е пошироко одредена меѓу 20 и 40 години. Токму на неговиот череп научниците откриле траги од древна хируршка интервенција. Со остар инструмент, што не било типично за тоа доба, било отстрането квадратно парче од фронталната коска.

Биоархеологот Рејчел Калишер признава дека на почетокот мислела дека нејзините колеги го зеле фрагментот од черепот како примерок од ДНК. Сепак, вели дека добиени се „докази дека ваквиот тип оперативен зафат бил широко распространет тип операција со илјадници години“.

„Вообичаено кога ги проучувате човечките останки, ги проучувате насобраните промени што тие ги доживувале во текот на нивните животи, но ова е еден фатен моментум“, вели Калишер/

Мегидо, 130 километри северно од Ерусалим, бил просперитетен урбан центар со бројни палати, утврдувања и храмови. Познат е по неговото античко грчко име Армагедон, за кое се пророкува дека ќе биде местото на последната битка пред крајот на времињата.