Реџепагиќ: Ако не доаѓаат на распит, Вељаноски и Димовски ќе бидат приведени со полиција

171

Судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ доцна попладне вчера бил известен од претседателот на Собранието Талат Џафери дека не биле создадени услови за симнување на имунитетот на пратениците Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ, осомничен за организација на нападот на Собранието на 27 април лани, како и за Љупчо Димовски од Социјалистичката партија, осомничен претходно за злоупотреби како министер за земјоделие, а за кои Обвинителството за организиран криминал бараше мерки притвор. Истрагите нема да се фрлат во вода, тие продолжуваат, вели Реџепагиќ, само што притвор за нив нема да има.

Основниот суд Скопје 1 е известен дека не биле создадени услови според Собранискиот деловник за симнување на имунитетот на двајцата осомничени пратеници. Истрагите за Вељаноски и за Димовски продолжуваат со нивно повикување за распит. Недоаѓање на распит по уредно примена судска покана повлекува наредба за нивно стражарно приведување. Јас ќе ѝ го доставам на обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска ова известување од Собранието, а кои ќе бидат нејзините чекори натаму, не знам. Таа е во моментов на службен пат, што значи не можам да знам за тоа што ме прашувате – дали ќе бара дополнителни мерки за безбедност, како барање за одземање на патни исправи и друго, тоа е работа на Обвинителството, вели Реџепагиќ.

Тој одговори и дека нема механизам судот повторно да бара од Собранието симнување на пратеничкиот имунитет на овие два пратеника, но остануваат на располагање други мерки за обезбедување на нивно присуство во постапката, за кои Обвинителството прави проценка дали ќе ги побара од судијата на претходна постапка.

За одземање патна исправа и редовно јавување во судот, како и за други мерки за осомничените, не е потребно да се бара дозвола од Собранието кога се во прашање пратеници. При евентуално приведување со полиција, ако не сакаат да се јават на судските покани, пратениците во ваков случај не може да се повикуваат на пратеничкиот имунитет. Имунитетот е само за мерката ефективен (затворски) притвор и за куќен притвор.

Во неделата, од необјаснети причини и по чести паузи што ги даваше претседателот на Собранието Талат Џафери, место дискусија за симнување на имунитетот на Вељаноски зовре ситуацијата во Парламентот. Својот и микрофоните на пратениците три минути пред истекот на рокот за гласање на полноќ Џафери ги исклучи, вербално се расправаше со пратениците од СДСМ кои бараа да почне гласањето и така остави да чукне полноќ. Ја затвори седницата и си замина.

За Љупчо Димовски, пак, предлогот за симнувањето на имунитетот го стави на гласање, ја прекина седницата поради немање кворум, не ја продолжи и не кажа десетина дена каква е судбината на тоа гласање, иако беше очигледно дека и тој рок уште веднаш истече со непродолжување на седницата. Првпат Џафери за случајот Димовски се изјаснил вчера, во дописот до Основниот суд Скопје 1, со кој го известил дека и за Љупчо Димовски не биле создадени услови Собранието да гласа за симнување или задржување на неговиот пратенички имунитет.

 

 

 

 

 

 

Оставете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

 

 

Коментар:

 

 

Име: *

 

 

Email: *

 

 

Website:

 

2  ×  2  =

 

 

 

ВЕСТИ ОД КАТЕГОРИЈАТА

Реџепагиќ: Ако не доаѓаат на распит, Вељаноски и Димовски ќе бидат приведени со полиција

Реџепагиќ: Ако не доаѓаат на распит, Вељаноски и Димовски ќе бидат приведени со полиција

Судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ доцна попладне вчера бил известен од претседателот на Собранието Талат Џафери дека не биле…

 

Повеќе →

 

Муса: Нема зголемување на бројот на заболени од морбили

Муса: Нема зголемување на бројот на заболени од морбили

Нема тенденција на зголемување на бројот на заболени од морбили, а останува во сила забраната за прием на невакцинирани деца…

 

Повеќе →

 

Ахмети: Името на заедничкиот претседателски кандидат ќе го соопштиме в петок

Ахмети: Името на заедничкиот претседателски кандидат ќе го соопштиме в петок

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата попладнево со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во Собранието истакна дека…

 

Повеќе →

 

Заврши времето на пристисоци и закани, ВМРО-ДПМНЕ нема демократски капацитет тоа да го разбере,  обвинителствата треба да се остават независно и професионално да работат во служба на законите и граѓаните

Заврши времето на пристисоци и закани, ВМРО-ДПМНЕ нема демократски капацитет тоа да го разбере, обвинителствата треба да се остават независно и професионално да работат во служба на законите и граѓаните

Притисоците врз судиите, судство и обвинителства под партиска контрола беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното…

 

Повеќе →

 

Заев: Странските инвестиции во последниот квартал од 2018-та  се најбројни од  самостојноста

Заев: Странските инвестиции во последниот квартал од 2018-та се најбројни од самостојноста

Од ратификувањето на Протоколот за НАТО во Парламентот на Грција, шест компании соопштиле дека донеле одлука за инвестиции во земјава,…

 

Повеќе →

 

ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот, нека ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и нека почнат повлекувањата, се друго е лицемерно

ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот, нека ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и нека почнат повлекувањата, се друго е лицемерно

Додека ВМРО ДПМНЕ не преземе чекор, додека не ги повика роднините на своите функционери да се повлечат и додека не…

 

Повеќе →

 

 

 

 

 

МАГАЗИН

endruПочина поранешниот тапанар на култниот бенд „The Cure”

Енди Андерсон, поранешниот тапанар на култниот бенд „The Cure”, ја…

 

bebeТокио: Бебе родено со 268 грама ја напушти болницата со 3,2 кг

Бебе, родено со само 268 грама, по неколку месеци, ја напушти…

 

 

 

СПОРТ

pilotИстрагата за Сала: Пилотот немал лиценца, авионот без дозвола за полетување

Прелиминарниот извештај за трагичната смрт на фудбалот…

 

ffmФФМ ја исплати рекордната премија за првото место во Лига на нации

Фудбалската федерација на Македонија ја исплати рекордната…

 

 

 

ВИДЕА

nagrada(ВИДЕО) Скриена камера: Како би реагирале кога треба да добиете Голф 6, а сте пуштиле некој преку ред

Понекогаш редот си е ред, но кога сте дозволиле некој преку ред е…

 

lav(ВИДЕО) Ова момче секое утро се буди покрај опасен лав, еве како тоа изгледа

Дин Шнајдер уште од мал бил опседнат со диви животни, а неговиот…

 

 

 

НАКРАТКО

„Бриф“ е интернет-медиум кој се труди да ве информира за настаните во Македонија и во светот навремено и проверено, преку текстови, фотографии, видео и аудио снимки. Во денешното време кога се живее трескавично секоја секунда на читателот е скапоцена, па затоа нашите вести и останатите содржини на сајтот се што е можно покуси, но сепак доволно информативни.

КАТЕГОРИИ

Дома

Македонија

Агро Бриф

Економија

Свет

Хроника

Магазин

Спорт

Ракурс

Видеа

СТРАНИ

За нас

Импресум

Маркетинг

Услови за користење

Контакт

© 2019 Бриф

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.