Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, говорејќи за референдумското прашање на ВМРО-ДПМНЕ кое гласи „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во ‘Службен весник’ од 18.01.2017?“ вели дека е прецизно составено. Доколку се прифатило барањето за референдум и тој е успешен, тогаш пратениците во македонското собрание императивно би морале да донесат специјален закон со кој би се укинал или поништил важењето на Законот за ратификација за Договорот со Бугарија.
„На ВМРО-ДПМНЕ референдумското прашање беше многу прецизно, односно дали сте за да се напушти важноста на тој и тој закон и кога би бил успешен тој референдум тој би ги приморал пратениците императивно да мораат да донесат лекс специјалис со кој се укинува или поништува важењето на тој закон“, посочи Арсовски.