Реформи на администрацијата: Со нови огласи ќе се вработат 22 административци со плата од над 50.000 денари

Ништо од најавените реформи во администрацијата, наместо намалување на обемот на администрацијата за 20 проценти преку спојување на функциите, надлежностите на институциите и зголемување на нејзината ефикаснот како што најави премиерот Зоран Заев пред пратениците во своетот експозе уште во месец август, власта преку објавување на нови огласи набрзина ја трупата со вработување на нови партиски војници.

Министерствата и институциите под владата секој ден објавуваат по некој нов оглас за вработување во државната и јавна администрација, и покрај тоа што во време на опозиција беа најгласни дека тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја партизира администрацијата, се појасно е дека сега во време на позиција го прават сосема исто, ако не и полош.

Имено, во моментот активни се повеќе огласи. Министерството за образование и наука бара 9 државни службеници, министерството за транспорт и врски 2 државни службеници, генералниот секретаријат при владата бара еден државен службеник поточно раководител на сектор, Агенција за супервизија на осигурување на два распишани огласи вработува еден државен советник на позицијата советник за работи непосредно поврзани со Советот на експерти, како и еден помлад соработник за лиценцирање, додека министерството за финасии на два посебна огласи вработува по 4 државни службеници на различни позиции.

Од помлади соработници, соработници, советници, раководители на сектори, раководители на одделенија, па се до државен советник се позициите на кои се вработуваат овие лица, а нето платата со која ќе се плаќаат се движи во зависност од работното место, односно од 22.020 до 51.950 денари.

Само за потсетување ова не се први огласи во овие 100 дена од старо новата влада на СДСМ. И претходно се распишаа над 200 огласи за вработување на државни и јавни службеници во државната и јавна администрација од централните и локалните институции, па наместо најавените реформи, се поочигледно е дека власта забрзано ги преполнува институциите со партиски војници кои подоцна ќе послужат за гласачко тело.