Реформите за проширувањето нема да бидат донесени до самитот

Студен туш од Чешка за очекувањата во македонските евроинтеграции и датумот за старт на преговорите со ЕУ. Во интервју за „Еуроактив“ чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек изјави дека не очекува дека ќе се постигне договор за реформа на процесот за пристапување кон ЕУ до самитот на Унијата на 26 март.

Според наше мислење, дебатата за реформата на пристапниот процес не смее да претставува пречка за започнување на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија. Според Европската комисија, двете држави ги исполнија условите за започнување преговори за пристапување и отворање на долгорочен процес за време на кој тие ќе треба да го подобрат функционирањето на судството или да се борат со корупцијата. Никаде не се вели дека ако тие не ги исполнат условите мора да станат членка на ЕУ“, изјави Петричек.

Сега веже поранешниот премиер Зоран Заев и неговата тогашна влада уште пред две години најавија дека сме добиле датум за преговори. Моментот „на радост“ го одбележаа со славеничката фотографија во владиниот авион.

На 30-ти јуни 2018 година во интервју за Дојче веле на македонски јазик ја оцени како „историска“ одлуката на ЕУ за датум за отпочнување преговори за членство на Македонија и Албанија, оценувајќи оти консолидацијата на ЕУ ќе биде довршена дури кога Унијата ќе го прифати Западен Балкан.

Добивме датум за преговори – јуни 2019. Дотогаш, заедно со нашите пријатели и партнери од Европската комисија, заеднички ќе работиме на остварување на критериумите, односно на имплементација на фазите од Договорот со Грција и финализација на реформите. Многу сме блиску до нашата цел да ги достигнеме стандардите на ЕУ- рече лани во јуни екс премиерот Заев.