Регионалната дипломатска офанзива на Мицкоски ја соголи безидејноста на владата на Заев

Додека земјите од регионот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство, работите мора да се променат, заклучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата која ја имаше во четвртокот во Загреб со хрватскиот премиер и челник на владејачката Хрватска демократска заедница (HDZ), Андреј Пленковиќ.

Посетата на Мицкоски на хрватската престолнина беше во рамките на негвоата дипломатска офанзива во регионот, на која беше придружуван од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, а чија цел беше опозицијата, кога тоа веќе ниту умее, ниту може да го стори власта предводена од СДСМ и неговиот премеир Зоран Заев, да се издејствува поддршка за Македонија на нејзините интегратувни процеси во Европската унија. Средбата со Пленковиќ беше заокружување на турнејата во чии рамки Мицкоски се сретна со уште двајца влијателни премиери во регионот, унгарскиот Виктор Орбан и словенечкиот Јанез Јанша од земји членки на ЕУ.

Притоа, треба да се потсети дека во текот на првиот бран од епидемијата на коронавирусот минатата 2020-та, токму по контактите кои ги оствари Мицкоски со Орбан и Јанша во Македонија стаса првата директна странска помош во медицински материјали, тогаш неопходни за да може да функционира здравствениот систем во земјата.

Мицкоски ланскиот април на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто пред партискиот штаб, се заблагодари за брзата реакција од Унгарија откако побарал помош и од нив.

„Не е важно кој побарал помош, важна е помошта. Важно е дека помошта денес ќе спаси животи и ќе го заштити здравјето на оние кои спасуваат животи. Истовремено ќе продолжам да лобирам, остварувам контакти и во рамките на можностите да барам помош за нашата земја“, рече тогаш Мицкоски.

Наспроти тоа, речиси една година подоцна, Владата на Македонија сѐ уште предводена од Зоран Заев, откако во светот вклучително и во непосредното соседство започна вакцинацијата против коронавирусот, не успеава да изготви и план за вакцининирање а не, пак, да договори или да добие барем минимални количества од вакцината. Дури и кога соседите изразуваат подготвеност да подарат дел од своите количества од вакцините, се покажува дека македонската Влада ниту обезебедила нивно регистрирање ниту капацитети за да ги прими.

Токму поради ваквата ситуација која се надоврзува на затворените интеграции поради ветото од Софија, Мицкоски побара од Хрватска да го поддржи одблокирањето на европските интеграции на државата, посочувајќи дека покрај ветото од источниот сосед граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната влада на  Заев која не може да испорача никакви резултати.

„Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда. Сево ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите“, истакна Мицкоски и додаде дека граѓаните заслужуваат стабилност и големи чекори напред.

Мицкоски притоа му се заблагодари на Пленковиќ за поддршката најавувајќи дека Македонија е подготвена за промени, за борба за обезбедување на иднината, и за рестартирање на општеството.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  со Загреб ја заокружи дипломатската регионална посета во во која оствари значајни средби со тројца премиери: на Хрватска Андреј Пленковиќ, премиерот на Словенија Јанез Јанша и на Унгарија Виктор Орбан. Наспроти тоа, и во услови на јасна блокада од истокот, Заев не успеава да оствари никаков контакт со стратешките партнери во ЕУ на кој би се обидел да побара помошт во деблокрањето на европскиот процес на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.