Регистрација за е-ПДД и на шалтери во Ѓорче Петров и Аеродром

Управата за јавни приходо отвори два дополнителни шалтери за регистрација на граѓаните на системот е-ПДД и прием на барањата за регистрација.

Од пред два дена шалтери работат во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Во општина Ѓорче Петров – зграда на урбана заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица), додека пак во општина Аеродром шалтерот се наоѓа во општинска зграда на втори кат.

Канцелариите на Управата за јавни приходи во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе бидат отворени од 19.11.2018 година до 31.12.2018 година со работно време од 8 до 16часот.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000.

Регистрација се врши и на шалтерите во Регионалната дирекција  на УЈП Скопје (ул. „11 Октомври” бр. 27, спроти Даре Џамбаз).