Регистриран голем пад на производството и извозот на автомобили во Турција

Во јануари во Турција е регистриран пад од 10 отсто во производството на автомобилската индустрија и намалување од 11 отсто на извозот на автомобили, соопшти агенцијата „Анадолија“. Во првиот месец на годината вкупно во земјата се произведени околу 52.000 различни видови на автомобили, од кои речиси 36.000 автомобили се извезени.

Вкупно во автомобилска индустрија во јануари оваа година, пазарот се намалил за осум отсто во споредба со истиот месец, минатата година, а само на пазарот за автомобили, за шест отсто.

Автомобилска индустрија е локомотива на турската економија, посочи уште агенцијата „Анадолија“.