Регистриран земјотрес во Виница и околните места

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 100 km источно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.4, а беше почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.