Регистрирани 422 прекршоци за неносење на маски

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.03.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 422 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.