Регистрирани 517 граѓани без маски

За неносење маски регистрирани се 517 прекршоци во изминатото деноноќие на територијата на земјава.

И денеска од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.