Регистрирани 75 нови ковид случаи, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 887 тестови, а се регистрирани  75 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 38, Куманово – 8, Велес – 6, Кавадарци – 4, Охрид, Кичево и Гевгелија – по 3, Битола, Прилеп и Штип – по 2, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), има 21 реинфекција.

Евидентирани се 99 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Кавадарци и Прилеп – по 7, Куманово – 6, Охрид – 5, Велес и Тетово – по 3, Штип, Гостивар, Кочани и Кратово – по 2, Гевгелија, Битола, Неготино, Крива Паланка, Берово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати.

Досега во земјата се направени вкупно 2.163.701 тестирања на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 342.323, на оздравени пациенти е 332.150, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 649.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.