Регистрирани бројни земјотреси на Марс

Марс можеби изгледа суво и правливо однадвор, но има изненадувачки активен внатрешен живот, според најновите откритија на мисијата „InSight“ на американската агенција за вселенски истражувања NASA, објавни во понеделникот во научните списанија Nature Geoscience и Nature Communications.

Вселенското возило „InSight“ кое се спушти на Црвената планета пред 15 месеци открило во овој период бројни сеизмички активности, неочекувано силно локално магнетно поле и околу 10.000 виори од ветер кои минале преку површината на Марс. Ова откритие ќе им помогне на научниците да ги разјаснат тајните на внатрешноста на планетата, како и да разберат зошто таа изгледа толку поинаку од Земјата.

„Она што овие резултати стварно ни покажуваат е дека Марс денес е активна планета“, вели Брус Бенерд, главниот водител на мисијата чиешто седиште е во американската сојузна држава Калифорнија.

Вселенскиот ровер „InSight“ се наоѓа во 30-ина метри широкиот кратер на вулканска висорамнина на којашто супстанциите од површината на планетата се со старост од 3,7 милијарди до „само“ 2,5 милиони години. Околу 2.500 километри подалеку се наоѓа вулканска област преполна со докази за реките од лава и знаци за течна водна која некогаш течела по површината на Марс.

„Сето она што били активно во последните неколку милиони години, може да биде активно и денес, особено во длабочините“, вели Бенерд.

Возилото е опремено и со сеизмометар кој ги мери потресите во горните слоеви од површната на Марс, како и со сензори за темпераура, ветер и магнетен притисок. Овој уред регистрирал 174 земјотреси до ланскиот 30-ти септември, меѓу кои и повеќе од 20 со магнитуди од 3 до 4 според Рихтер.

Ваквите потреси не мора нужно да се почувствуваат како и земјотресите со иста магнитуда на Земјата, поради тоа што биле на поголема длабочина од оние кои вообичаено се случуваат на Земјата. Меѓутоа, доколку се стои на вистинското место би можело да се почувствуваат, вели заменичката на водител на мисијата, Сузан Смрекар.

Тектонските активности на Марс се предизвикани со деформирањето и пукањето на горните слоеви на планетата, што, пак, е резултат на ладењето и собирањето на внатрешноста на планетата. Големите потреси на Марс, сепак, се поретки отколку што очекувале научниците и немало посилни.

На Марс сме во истата ситуација во којашто на почетокот од 1900-те години беа геофизичарите на Земјата, вели Бенерд, и додава дека научниците имаат во моментов многу повеќе податоци отколку заклучоци. Смрекар вели дека сѐ уште нема директни докази дека постои магма во длабочините на Марс.

 

https://videos.space.com/m/uxwPf3tt/how-are-marsquakes-monitored?list=9wzCTV4g