Регулаторна одлучи нема греење по 21 часот за да нема високи сметки

Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ) го одби барањето на „Балкан енерџи груп” (БЕГ) за продолжување на периодот за греење за дополнителни два часа, бидејќи со тоа сметките на корисниците, според пресметките на регулаторите, би се зголемиле за девет отсто.

Според регулаторите компанијата, ако има вишок топлина, која ја добива од производството на струја на комбинираната гасна електрана ТЕ-ТО ќе може да им ја испорачува на граѓаните и ноќе, но без да бара надоместок за тоа. По ова останува БЕГ да одлучи дали ќе продолжи дополнително да загрева делови од градот или ќе  грее како досега до 21 часот.