Рехабилитиран севернокорејски функционер кој беше во немилост

269

Висок севернокорејски функционер, кој според јужнокорејските медиуми бил во немилост по неуспехот на американско-севернокорејскиот самит во Ханој, се појави во придружба на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, пишуваат во понеделникот гласилата во Северна Кореја.

Ким Јонг-чол, висок функционер на владејачката комунистичка партија кој со американскиот државен секретар Мајк Помпео преговараше за нуклеарната програма на Пјонгјанг, бил испратен во работен логор по неуспехот на преговорите во феверуари годинава во Ханој, пишува јужнокорејскиот весник Chosun Ilbo.

Меѓутоа, во неделата доцна вечерта Ким Јонг-чол се појавил на приредба на којашто присуствувал државниот врв: Ком Џонг-ун, неговата сопруга Ри Сол-ју, челници на партијата и високи воени офицери, извести службената севернокорејска новинска агенција KCNA.

Комитетот за разузнавачки прашања на парламанетот на Јужна Кореја извести во април дека Ким Јонг-чол е отстранет поради начинот на кој го организирале самитот во Ханој, иако неодамна бил именуван во Комитетот за државни работи, тело на чиешто чело е Ким Џонг-ун.

По неуспехот на вториот самит меѓу Ким Џонг-ун и Доналд Трамп, Ким Хјок-чол, кој учествуваше во подготовките на првата средба на врвот и патуваше во виетнамската престолнина со приватниот воз на Кон Џонг-ун, бил стрелан поради „предавство на врховниот водач“, откако од САД бил вратен пред средбата, објави јужнокорејскиот дневен весник Chosun Ilbo на 31-ви мај. Ким Хјок-чол со американскиот претставник Стивен Биеган го подготвуваше самитот во Ханој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.