Реина се врати на Енфилд

Агентот на искусниот шпански голман, Пепе Реина, Мануел Гарсија Куилон, откри дека неговиот клиент повторно ќе го облече дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Репрезентативецот на Шпанија во изминатата сезона настапуваше како позајмен голман во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи, но неговиот договор не беше откупен на крајот од сезоната.

“Знам дека има секакви шпекулации околу иднината на мојот клиент. Јас можам да потврдам дека Пепе во новата сезона ќе го носи дресот на Ливерпул. Нема да остане во редовите на Наполи. Реина до крај ќе го испочитува договорот кој го има со англискиот клуб”, изјави Куилон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.