Реисот Реџепи ги повика верниците Рамазан да се празнува дома и да ги почитуваат препораките во услови на епидемија

88

Во услови на вонредна состојба и ограничено движење поради епидемијата на коронавирусот, џамиите ќе бидат отворени, но поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), реисот Сулејман Реџепи, во своето обраќање по повод почетокот на светиот месец Рамазан, им порача на верниците да ги почитуваат препораките на Владата донесени за епидемијата од корона вирусот.

„Апелирам и ве замолувам да се придржувате кон исламските принципи за вашето и за здравјето на другите луѓе околу вас, истовремено почитувајќи го тоа што го велат лекарите и експертите во врска со пандемијата Covid-19. Само така ќе победиме и ќе се вратиме на нашите животи, само така ќе бидат оправдани нашите молитви за спас што ги упатуваме на семоќниот Алах“, порача Реџепи.

Реџепи пред две седмици се закани дека доколку Владата не ѝ помогне на ИВЗ во време на епидемијата, ќе ја повлече забраната за собири, односно дека ќе ги отвори џамиите за масовни посети на верниците. Во денешното обраќање, пак, рече дека исламот не ги негира научните принципи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.