4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Реисот Реџепи се ожени со 50 години помлада жена

Поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи по вторпат застана на лудиот камен. Како што пишуваат медиуми на албански јазик, Реџепи се оженил со 50 години помлада жена 24-годишната Емина Јетиши од Скопје.

Јетиши е активистка на ДУИ во Студеничани.

Од партијата потврдуваат дека Јетиши е новата сопруга на реисот кој има 74 години.

Реџепи претходно 4 години беше „сингл“, а според традицијата за новите младоженци, реисот оваа година за празникот Рамазан Бајрам два пати ќе се бања, еднаш после ифтар, еднаш пред молитва.

Фото: Tetovasot