Реизборот на Макрон: славје, разочарување, повик на акција

584

Напливот на одушевување кај приврзаниците на повторно избраниот француски претседател Емануел Макрон и полициска интервенција поради огорчените протинци на двајцата кандидата и на приврзаници на противкандидатката Марин Лепен се сцените коишто во неделата вечерта доаѓаат од Париз каде на старо-новиот претседател освен честитки му пристигнуваат и критики и повик на акција.

По преброените 96 отсто од избирачкиот материјал од вториот изборен круг, 44-годишниот Макрон има убедливо водство со освоени 57,24 отсто од гласовите, наспроти 53-годишната Лепен со 42,87 проценти, што претставува историски најдобар изборен резултат на крајната десница.

Со звуци на електронска музика и танцувања под Ајфеловата кула во Париз, приврзаниците на Макрон одушевено ги поздравуваа резултатите од излезните анкети и оние кои ги соопштува министерството за внатрешни работи задолжено за изборниот процес. Стотици луѓе вееја француски и знамиња на ЕУ, задоволни од победата на Макрон.

На друга локација, пак, полицијата интервенираше со солзавец за да ги растури демонстрациите на незадоволни млади луѓе во централниот париски кварт Шателе. Меѓу првиот и вториот изборен круг од претседателските избори, студентите демонстрираа пред Сорбона и другите париски универзитети, изразувајќи го незадоволството од претседателските кандидати.

На Макрон први му честитаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нарекувајќи го неговиот успех „победа на обединетата Европа“. Следеа многу честитки и изрази на олеснување од европските челници.

Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, порача дека владата ја чека „многу работа“. „Многу работа е пред нас. Мораме да се позанимаваме со инфлацијата, економијата и реиндустријализацијата“, изјави за новинарите Ле Мер.

Другите приоритети се соочувањето со растечките животни трошоци и растот на цените на енергенсите, како и борбата против климатските промени.

 

Земур за единство на десницата на изборите во јуни

Мерин Лепен во своето обраќање во неделата вечерта го призна поразот и ја истакна важноста на парламентарните избори во јуни, на кои со својата Национален собир треба да ја спречи партијата на Макрон, Републиката во движење, да добие мнозинство во Националното собрание.

Ерик Земур, провокативен медиумски коментатор кој, исто така, како кандидат на крајната десница се натпреваруваше во првиот круг, ги повика десните национално ориентирани партии во Франција да се обединат и така да настапат на јунските парламентарни избори.

„Политичката ситуација пред парламентарните избори не принудува на акција…. националниот блок мора да се обедините, националните движења мора да ги здружат силите. Повикувам на коалиција на сите сили од десницата и патриотите… мораме да бидеме доминатна сила во идниот состав на парламентот“, порача Земур.

Жестока борба за парламентарните избори најави и кандидатот на радикалната левица Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон, кој во првиот круг пред две седмици беше трет според освоените гласови, и многу блиску зад Марин Лепен.

Меланшон забележа дека Макрон победил со многу мал број гласови. Имено Макрон во 2017 година освои 66,10 отсто од гласовите, далеку пред Лепен која тогаш освои 33,90 отсто од довербата на Французите. Затоа Меланшон на галсачите им порача дека неговата партија во јуни може да стане важен трет играч со големо влијаени во француската политика.

 

Еврото зајакна

Победата на Макрон ги примири вложувачите кои стравуваа од неизвестност доколку победи Лепен, бидејќи таа во предизборното телевизиско соочување во средата најави дека сака Европската унија да ја замени со „Сојуз на нациите“.

Еврото зајакана во однос на американскиот долар и другите главни светски валути по реизборот на Макрон веднаш во неделата вечерта.

„Франција веријатно ќе остане моторот на расот и напредокот во Европа во следните пет години“, напиша во забелешките за клиентите Холгер Шмјелдинг, економист во „ Berenberg“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.