РЕК Осломеј ќе произведува чиста енергија    

50

Со вкупно 5,9 милиони евра, парии кои се обезбедуваат со заем од Европска банка за обнова и развој (ЕБРД ), а остатокот од 1,1 милиони евра од компанијата ЕЛЕМ, ќе се гради фотоволтаична централа во РЕК Осломеј во Кичево. Договорот беше потпишан пред неколку дена од директорот на ЕБРД Хари Бојд Карпентер и директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски.

По најавите дека РЕК Осломеј ќе продолжи да работи, но ќе премине од производител на електрична енергија која ја загадуваше околината на чиста енергија, денеска во посета на комбинатот престојуваше министерот за економија Крешник Бектеши кој се сретна со раководните структури, го посети погонот за производство, како и местото каде што е предвидено годинава да се гради новата фотоволтаична централа.

Задоволство ми е што поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј за околу една година треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична мрежа. Но, не застануваме таму, туку како Влада настојуваме да имаме што повеќе домашно производство на енергија, изјави Бектеши по обиколката.

Тој потенцира дека во минатата година е зголемено производството на енергија во земјава.

Имаме и долгорочен план за зголемување на производството на енергија. Веќе почнавме со студија за градба на дополнителна 20 мегаватна фотоволтаична мрежа, исто така, во склоп на РЕК Осломеј. Користењето на ваков вид на производство на енергија е светски тренд, рече Бектеши и додаде дека  во наредниот период ќе има нови вработувања во комбинатот, особено на сручни лица од соодветната сфера од околината на Кичево.

Skin Delight