Реката Вардар смени боја, инспекциските екипи на терен поради помор на риби

Утрово помор на риби поради загаденост на водата во реката Вардар е забележан по течението од населбата Аеродром до Трубарево.

„По добиени сознанија за загадување на водите од реката Вардар екипи на општината, заедно со екипи од Водовод и канализација, Центарот за санитарна контрола и инспекторатот за животна средина излеговме на терен каде извршивме увид и подигнавме примероци од водата на три локации Ќерамидница, Јурумлери и Дрма. Примероците ќе бидат стручно обработени со цел да се утвдри точната причина за загадувањето, како и сторителот“, објави на својот ФБ профил Борис Георгиевски, градоначалник на Општина Гази Баба .

За оваа несекојдневна слика во водите на Вардар жителите од Аеродром го алармирале Центарот за управување со кризи.

По пријавата екипи од Инспекторатот на Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ излегле на терен и земале примероци од водата за испитување каде бил забележан поморот на рибите. Анализите треба да покажат со што е загадена водата во која настрадаа рибите.