„Рекет 2“: Обвиненија за Боки 13 и татко му, пратеничката Фросина Ременски, Јасна Мандиќ и Христина Блажевска

Во новото обвинение за случајот „Рекет“, поврзано со невладината на Боки 13, Меѓународен сојуз. Јовановски е првообвинет за измама и перење пари, но обвинение за помагање во измамата е и пратеничката Фросина Ременкси, неговиот татко Миле, соработничките Јасна Мандиќ и Христина Блажевска. Кај татко му на Бојан, биле пронајдени и три полуавтоматски пиштоли кој ги имал нелегално па за него е поднесено и обвинение за ова дело.

Според обвинителството од јули 2017 до април следната година, Јовановски како претседател на невладината, измамил двајца бизнисмени. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица, и субвенции од државата.

Ги убедил преку авторска агенција првиот да исплати 720 илјади евра а вториот 233 илјади евра. Две обвинети од невладината ги иподготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на Боки 13. Според обвинителството ова било со умисла иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело: Мандиќ откако Боки 13 ќе и ги дадел парите, иако немала никакво легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на фирми кои се поврзани со него.

Ременски со својот углед и авторитет го поддржувала на средбите со бизнисмените, му давала совети, упатства за да имаат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите, се вели во соопштението на обвинителството. Таткото на Бојан, Миле, исто така помагал парите да бидат пуштени во оптек. Боки 13 му давал ќеш, а татко му ги уплаќал на својата девизна сметка, дел пренесувал на сметките на фирмите,  Обвинителството побара на Мандиќ да и биде продолжен куќниот притвор.