„Рекет“ главна тема на Златна Бубамара 2020 (ФОТО+ ВИДЕО)

Синоќа во Скопје се одржа забавната манифестација ,,Златна бубамара на популарноста, која помина во знакот на бомбите поврзани со Боки 13 и случајот „Рекет“, загадување, влезот во НАТО…

Манифестацијата ја отворија танчарките од денс студиото „Еурека“.

Концертот на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Античкиот театар во Охрид, манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ го прогласи за концерт на годината.

За оние кои што пропуштија, настанот ќе се емитува во недела на Канал5 телевизија.
Во прилог, листата на наградените на манифестацијата:

Златна бубамара за инклузивност: Танцово студио „Еурека” за претставата „Пепелашка”

Златна бубамара за најдобра детска тв серија: „Дајте музика”

Златна бубамара за песна за век и векови: „Велигден”, Џокси

Златна бубамара за најдобра пејачка: Тамара

Златна бубамара за хит на годината: Proud, Тамара

Златна бубамара за спортски подвиг: Илина Арсова

Златна бубамара за најдобра сатирична емисија: „Фчерашни новости”

Златна бубамара за трајни музички вредности: „Електричен оргазам”

Златна бубамара за најдобра театарска претстава: „Мој термин”, МНТ

Златна бубамара за најдобар театарски актер: Јордан Симонов

Златна бубамара за најдобра театарска актерка: Тања Кочовска

Златна бубамара за најпопуларна регионална ѕвезда: Јелена Розга

Златна бубамара за животно дело: кавалџијата Ангеле Димовски

Златна бубамара за интернационална награда за животно дело: Раде Шербеџија

Златна бубамара за концерт на годината: Влатко Стефановски

Златна бубамара за животно дело во сферата на филмот: Столе Попов

Златна бубамара за најголем интернационален успех: „Медена земја”

Златна бубамара за амбасадор на македонската култура: „Танец”

Златна бубамара за спортски успех на годината: РК „Вардар”

Златна бубамара за музички продуцент: Мите Димовски – „Тра ла ла”

Златна бубамара за најпопуларен тв проект: „Преспав”

Златна бубамара за тв актерка: Јелена Јованова

Златна бубамара трајни музички вредности во рок музика: Ристо Вртев – „Архангел”

Златна бубамара за трајни музички вредности: група „Галија”

Златна бубамара за пејач на годината: Влатко Лозановски