Рекламен материјал на СДСМ се растура во СВР Скопје

Очигледно свесна за слабиот рејтинг кај изборачите, владејачката СДСМ во пресрет на предвремените парламентарни избори во април, започнува со бескрупулозна кампања во којашто се злоупотребуваат и државните институции.

Премиерот Зоран Заев и неговите социјалдемократски министри многу се фалат дека сториле за департизација на државните институции. Меѓутоа, покрај партиските вработувања на клучните позиции во јавната администрација и органите на управа на проверени партиски кадри и епидемијата од непотизам кои ги демантираат, СДСМ во последно време врши брутален притисок врз службениците во јавната администрација.

Еден од таквите примери е последниот кој стаса до редакцијата на НетПрес, за кој се тврди дека потекнува од централата на скопската полиција. На фотографијата испратена од читател, имено, се гледа дека партиски рекламен материјал на СДСМ за општината Ѓорче Петров е изложен во ходникот на СВР Скопје, каде што е седиштето на службата 192 и полициската команда за целото подрачје на Град Скопје.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.