Реконструирана пешачко планинарската патека „Словенска“ на Водно

Град Скопје во соработка со Федерацијата на планинарски спортови и со ЈП „Паркови и зеленило“, со цел да ги подобри условите за спорт и рекреација на сите граѓани на Скопје, да ги зголеми безбодноста и пристапноста, како и да ја  приспособи на  европските и светски норми за планинарско пешачки патеки, ја реконструираше пешачко планинарската патека „Словенска“, која се протега од потегот кај полициската станица Водно до Средно Водно.

Реконструираната патека почнува на 320 метри надморска височина, а завршува на  паркингот на Средно Водно на 580 метри надморска висина, висинската разлика од стартот до крајот на патеката е 260 метри надморска висина, со просечна косина од 12 %, вкупна должина од 2 100 метри и време на минување 40 минути.

vodno-pateka1 vodno-pateka4

Во текот на реконструкцијата на патеката се поставени нови 34 дрвени скали, а реконструирани и заѕидани се и 30 постојни скали. За безбедно движење по патеката  на три места е поставена  заштитна ограда  и тоа 1х 15 метри, 1х 4 метри и  1х 3 метри.

vodo-pateka2

 

На патеката се поставени и 7 нови патокази, 4 инфо табли, од кои  2 се  на македонски и 2 на англиски (две на стартот кај паркингот кај улицата Тодор Александров, близу до полициската станица Долно Водно и две на Средно Водно).

За подобра прегледност  патеката е обележана со маркери со црвена и бела боја.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.