Реконструкција на фекална канализација на четири велешки улици

Од почетокот на декември се изведуваат градежни работи за реконструкција на фекална канализација на улиците „Страшо Пинџур“, „Никола Оровчанов“ и „Илинденска“ во должина од 400 метри. Истите се во строгиот центар на Велес, кај времените дуќани во близина на мостот „Гемиџии“.

Реконструкцијата на фекалната канализација на овие две велешки улици е во вредност од 5.797.950 денари и е дел од проектот финансиран од Министерството за транспорт и врски за реконструкција на водоводни и канализациски линии на територија на Општина Велес. Изведувач на градежните работи е фирмата „Делта Пром Инг“ од Велес. Како што информира за МИА, Ване Јаваз инженер од „Делта Пром Инг“ во зависност од временските услови, планираат градежните работи да ги завршат до крајот на годинава.

Прва веќе е целосно реконструирана фекалната канализација на улицата „Јовче Чучук“, а сè уште се работи на соседната улица односно на дел од улицата „Орце Шутев“ во должина од 350 метри. Двете улици се наоѓаат на левата висока страна од градот во месноста „Јурија“.

Реконструкцијата на овие две велешки улици е во вредност од 5.302.000 денари, обезбедени преку проектот финансиран од Министерството за транспорт и врски.

Изведувач и на овие на градежните работи е фирмата „Делта Пром Инг“.од Велес, а како што информира инж. Јаваз и овие градежни работи во зависност од временските услови планираат да ги завршат до крајот на месецов, односно годината.