Реконструкција на улицата Иван Хаџиниколов во Драчево, инвестиција од 5,4 милиони денари

69

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанкиески и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ , денеска во село Драчево го означија почетокот на комплетна реконструкција на улицата Иван Хаџиниколов 2 (поранешна Ратко Митровиќ 2) и на уште два крака, во вкупна должина од 870 метри.

По завршените градежни активности од страна на фирмата која беше избрана за изведувач, “Пелагонија АД ГОСТИВАР”, а кои треба да финишираат за четири месеци, бенефитот ќе го почувствуваат 950-те жители кои секојдневно ја користат улицата, но и сите останати жители на ова подрачје бидејќи истата е продолжение на постоечката главна улица која транзитира кон населба Драчево.

Вредноста на инвестицијата изнесува 5,4 милиони денари, од нив 3,7 милиони денари се обезбедени од програмата ИПАРД, наменета за инвестиции и за поддршка на земјоделството и руралниот развој во земјава, преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Општина Кисела Вода во овој проект учествува со 1,7 милиони денари денари.

Исто така, заради побезбедно движење на пешаците, општина Кисела Вода обезбеди дополнителен буџет од два милиони денари, со кои ќе изгради тротоари од двете страни на улицата Ратко Митровиќ, со ширина од околу 1,5 метри, а ќе се вградат околу 1.700 метри бетонски рабници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.