Реконструкција на Владата ќе почека

Реконструкцијата на Владата е дојдена во фаза на размислување помеѓу понудите на партиите со кои што разговаравме, рече премиерот Зоран Заев.

Според него, и викендов најверојатно ќе се искористи за размислување после разговорите со сите партии, а и внатре во СДСМ и во коалицијата исто така.

Ако кажеме да, мислам дека ќе бидеме веќе готови со одлуката за Влада, мислам на министри и заменици, а после тоа ќе почнеме да разговараме за директори, заменици-директори и слично. Затоа што на процесот гледаме како на процес на превземање одговорност. Тоа значи, соодветни кадри, соодветни луѓе, но и соодветни капацитети. Очекувањата на граѓаните се со право високи, и ние тие очекувања треба да ги исполниме, вели Заев.