Рекорд на Меси, постигнал гол на 300 натпревари во Ла Лига

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси го отвори резултатот на синоќешниот меч од шпанскиот шампионат со Селта (1:2).

Аргентинецот го одигра 300. натпревар во Ла Лига, на кој постигна барем еден гол. Ова е најдобриот резултат во историјата на натпреварувањето.

Второто место му припаѓа на поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул со 186 натпревари на кои се запишал во листата на стрелците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.