Рекорд попладне ќе биде затворена за сообраќај

Градските власти денеска од 18 часот ќе ја затворат за сообраќај улицата кај „Рекорд“, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Како што наведува Шилегов, во тој период се предвидени и повеќе забавни активности за најмладите, но и за повозрасните посетителите.

Веќе неколку години се разгледува можноста тој дел во центарот на Скопје да се претвори во пешачка зона, а очекувањата се дека тоа би можело да функционира единствено откако ќе се прошири улицата „Даме Груев“.