Во Женева измерени рекордни 39,7 степени Целзиусови

Во Женева измерени рекордни 39,7 степени Целзиусови

Рекордни 39,7 степени беа одбележани вчера во неколку градови во Швајцарија, вклучително во Женева.

Ова се највисоките температури регистрирани досега на Северните Алпи.

Претходниот рекорд во градот – 38,9 степени, датира од 1921 година, додека швајцарските метеоролози прогнозираат дека може да стане уште потопло.

Во Нушател температурата се искачи на 37,7 степени, а претходниот рекорд е исто така од 1921 година – 36,5 степени.

Највисоката температура, регистрирана некогаш во Швајцарија е 41,5 степени целзиусови во Горно, кантон Граубјунден, во 2003 година.